Падна договор: Оливер Спасовски е нов министер на МВР (видео)

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Вечерва победи Македонија, ова вечерва е нов почеток за Македонија и за сите нејзини граѓани.

После осумчасовни преговори, претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција доцна синоќа со овие зборови најави дека е постигнат договор којшто денес треба да биде само правно, легално формализиран, преку преточување во Закон за Влада.

Со договорот во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри, постигнат е договор за Изборниот законик, постигнат е договор за Законот за whisteblowers или свиркачите, постигнат е договор на Закон за заштита на приватноста, којшто стапува во сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период дозволен за да се изјасни Венецијанската комисија по самиот закон и постигнат е договор којшто треба да биде преточен во одлука на Парламентот за Анкетната комисија.

  • Сето ова утре треба само уште еднаш на работните групи да биде разгледано, поради техничките аспекти и веднаш штом ќе биде подготвено, да биде испратено во Собранието, за парламентарците да го дискутираат и секако се надевам дека ќе го донесат. Истовремено вечерва ја исполнив и обврската согласно Договорот, да го предложам кадровското решение за министер за внатрешни работи, за кој барав согласност од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, согласноста ја добивме. Нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, изјави Заев

За сите овие кадровски решенија, напоменувам, условени се, поради тоа што органите и телата на СДСМ треба да ги донесат одлуките, финално Централниот одбор на СДСМ, додаде Заев.

  • Министрека за труд и социјална политика ќе биде Фросина Ременски. Заменик министер за финансии ќе биде Кире Наумов. Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупче Николовски, заменик министер за информатичко општество и адиминистрација ќе биде Александар Кирацовски. Секако, доколку Централниот одбор на СДСМ ги потврди овие имиња, а секако се надевам дека ќе добијат поддршка и од нашите коалициски партнери, коишто ги застапувавме заедно, покрај нашата партија.