Конрадо Салазар е директор на училиште во Мексико кој не се двоуми да го покаже своето младо извајано тело на социјалните мрежи.
Тоа бил и причина поради што бил сменет, па мајките на учениците остро протестираа, а кога ќе го видите ќе ви стане јасно зошто!
View this post on Instagram
Конрадо Салазар е надежен млад човек кој ја презел позицијата директор на основно училиште во Мексико.
Мал број вработени во тоа училиште во Колима побарале и тој да им предава еден предмет на децата.
Сето тоа не било доволно кога се дознало дека младиот Салазар со задоволство го покажува своето тело на Инстаграм и ТикТок, кое го довел до совршенство преку напорните тренинзи во теретана.
View this post on Instagram
Овој директор потврди дека на Инстаграм го следат само 140.000 луѓе, иако од нив следи едвај 40.
Смета дека на училиште се однесува многу учтиво, а животот надвор од училиште е негова приватна работа.
Конрадо вежба многу и ја достигна посакуваната форма, па сака да објавува фотографии од своето тело и не гледа ништо лошо во тоа.
View this post on Instagram
Самите фотографии не би биле сфатени како провокативни доколку на нив не се појави млад човек со извајано тело кој со задоволство ги покажува стомачните мускули, а кој е и директор на училиштето.
Сето ова беше повеќе од доволно младиот Конрадо во рекордно време да биде отстранет од таа позиција.
Да беше Мексиканец со мустаќи со пивски стомак, веројатно немаше да биде голем проблем, но на овој начин привлече премногу внимание.
View this post on Instagram
Сепак, правдата беше на страната на згодниот директор бидејќи мајките на децата од училиштето остро се спротивставиле на смената на директорот.
Се организирале и потпишале петиција со која згодниот директор побрзо го вратиле на работа отколку што бил отпуштен.
Мајките на учениците веројатно го имале на ум трудот што младиот Салазар го вложува во тоа училиште, предметот што им го предава на децата, а многумина претпоставуваат дека тој е спас за очите на мајките кои доаѓаат кај него поради немирните деца.
View this post on Instagram
Конрадо се вратил на позицијата од која бил разрешен и продолжил редовно да објавува полуголи фотографии на интернет.
Коментарите на мрежите беа многу оригинални.
– Само сакам моето дете да биде немирно –
– Кога и да одеше син ми да го види директорот, јас одев со него –
– Во мое време немаше вакви директори, ниту наставници.
Откако се вратил на работа, директорот почнал да објавува уште попровокативни фотографии.
View this post on Instagram