Овој робот ги исполнува желбите на гостите на хотелот, а зборува и неколку јазици

Сподели со своите пријатели

Роботот „Пепер“ во еден хотел на италијанскиот град Гарда, може да одговара на прашања на италијански, англиски и германски јазик, а гостите веќе го нарекуваат Роби.

НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Роботите ја кројат судбината на светот

Loading...

Највавуван како првиот италијански робот, кој на гостите им пружа поддршка и исполнува желби во границите на нивните можности, хуманоидот оваа цела сезона ќе работи на езерото Гарда, со цел барем делумно да го ослободи персоналот да дава одговори на едни исти прашања на гостите, пишува АП.

 

 

Креиран во јапонската компанија „Softbank robotics“, Роби е научен да одговори на низа прашања како што се „каде се наоѓа спа центарот, каде се рестораните, кое им е работното време“.

За време на летната сезона, Роби ќе мине низ забрзан курс на невообичаени прашања, разни акценти не треба да се споменуваат, а сето тоа ќе му помогне во подобрување на знаењето, речникот и способноста да дава одговори.

 

 

Употребата на таквите роботи е зголемена во секторите како што е туризмот и каде обемот на работа може да ја намали ефикасноста на услужните активности на персоналот.

Пепер стана достапен во 2015. година. Има четири микрофони во главата, две HD камери (во устата и на челото“ и сензор за длабочина 3-Д (зад очите).

На оваа кинеска телевизија наместо луѓе, вести ќе презентираат роботи (видео)

Loading...

Меѓутоа, многу е важно јавноста да ја прифати „машината“. Ангецијата АП наведува дека роботите се поприфатени во САД и Јапонија, за разлика од Европа.

Во меана во Шкотска исто така добиле робот Пепер, под името Фабио, но тој добил отказ, затоа што купувачите не сакале интеракција со него.

 

 

Уште еден робот немал среќа со луѓето – хуманоид задолжен за безбедноста во Вашингтон заврши минатата година во фонтана.

Виртуелна личност стана граѓанин на Токио

Меѓународната федерација на роботика, со седиште во Франкфурт, предвидува пораст на продажбата на роботи помеѓу 20 и 25 отсто до 2020 година. Минатата година се продадени 79.000 роботи.

Роботите се поделени во неколку категории услуги, од роботи за одбрана, роботи за чистење, во боласта на медицината, до роботи за логистички системи, наведува ангецијата АП.

Leave a Reply