Овој град има најзагаден воздух во светот

Сподели со своите пријатели

Вчера, Торонто беше најзагадениот град во светот бидејќи чадот од шумските пожари во северозападниот дел на канадската покраина Онтарио го покри небото, објави швајцарската компанија „Иквотер“.

Канадската метеоролошка служба објави дека Индексот на здравствен ризик за квалитетот на воздухот во Торонто достигна вредност од 10 плус, што претставува многу висока категорија на ризик, со прогноза дека опасните услови би можеле да траат до утре вечер, објавува Ројтерс.

Здравствените власти ги предупредија граѓаните да ги ограничат активностите на отворено поради високите температури.

Швајцарската компанија „Иквотер“, која го следи квалитетот на воздухот, го рангираше Торонто на прво место по загадување меѓу големите градови во светот, пред Киншаса и Њу Делхи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинески активист избега во Јужна Кореја со гумен чамец. Патувал 300 километри

Според податоците на канадската влада, денес во таа земја биле активни 835 шумски пожари, од кои 112 се надвор од контрола.

Досега се изгорени околу 1,9 милиони хектари вегетација, а најголем број пожари се регистрирани во покраините Манитоба, Саскачеван и Онтарио.

Торонто се соочува со топлотен бран во последните денови, објавува „Јуронуј“.

Канадската метеоролошка служба го задржа предупредувањето за висока температура, со прогноза дека највисоката ќе биде околу 33 степени Целзиусови, додека поради високата влажност на воздухот, субјективното чувство ќе биде околу 39 степени Целзиусови.