Шеф на мафијата ликвидиран на бензинска пумпа: Надзорните камери го снимија убиството

Сподели со своите пријатели

Еден од најопасните израелски криминалци, 40-годишниот Јанис Јушваев, беше убиен во неделата пред бензинска пумпа во израелскиот град Цезареја.

Бруталното убиство е снимено од блиската надзорна камера, објавува „Дејли меил“.

Видеото го прикажува напаѓачот како се приближува кон влезот на бензинската пумпа, облечен во сива маица со качулка, црни панталони и бела капа на главата, со рацете во џебовите.

Во истиот момент, од зградата излегоа тројца мажи, вклучувајќи го и Јушваев.

На почетокот, напаѓачот се преправал дека има намера да влезе во зградата, но потоа одеднаш се свртел, извадил пиштол од џебот и го застрелал Јушваев во тилот од блиску.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Германија наскоро ќе објави кој стои зад обидот за напад со дрон врз аеродромот

Веднаш по пукањето, тој избегал со автомобил. Десет минути подоцна, возилото било пронајдено напуштено и запалено во блискиот град.

Убиецот наводно користел хиперреалистична маска

Според достапните информации, напаѓачот наводно користел и хиперреалистична силиконска маска за да го скрие својот идентитет и да ѝ го отежни на полицијата да го пронајде.

Израелската полиција соопшти дека Јушваев бил водач на криминална група поврзана со еврејската заедница од кавкаско потекло.

Тој бил апсен неколку пати во минатото под сомнение за учество во сериозни кривични дела, вклучувајќи пукања, напади со гранати и палење возила, но никогаш не бил формално осуден.

Полициски извор претходно им изјави на израелските медиуми дека е исклучително тешко да се поврзе Јушваев со кривични дела бидејќи „скоро никогаш не зборувал по телефон“, додека луѓето околу него биле „тотално лојални“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коста тргнува на турнеја низ ЕУ: Бара компромис за буџет вреден два трилиони евра

По пукањето, Јушваев бил итно префрлен во болница, но лекарите не можеле да му го спасат животот. Набргу потоа бил прогласен за мртов.

Како што беше објавено, тој не покажувал знаци на живот, немал пулс ниту дишење и претрпел исклучително сериозни повреди.

Полицијата верува дека убиството било криминално мотивирано и започнала обемна потрага по осомничениот.

На патиштата се поставени блокади, додека во потрагата е вклучен и хеликоптер, според „Дејли меил“.