Овие знаци укажуваат на тоа дека вашето дете е премногу разгалено

Сподели со своите пријатели

Жал ни е, но ако вашето дете ги покажува овие знаци тогаш дефинитивно сте го претвориле во премногу разгалено дете, а за тоа можеби и не сте свесни.

Loading...

Експертите издвоија неколку знаци со кои можете да идентификувате дали вашето дете е разгалено.

Зошто е важно да го сочувате „детето во себе“?

  1. Не го поднесува зборот „не“

Додека малкумина сакаат да го слушнат зборот „не“, ако вашето дете едноставно не може да издржи да му се противречи тоа е сигурен знак дека е разгалено.

„Најдобрата мерка за да се утврди дали некое дете е разгалено или не, е колку добро тие се справуваат со тоа што им е забранет пристапот до нешто што тие го сакаат“, вели терапевтот Џесика Леитсвеис, извршен директор на Education Service.

Сепак, Лајхтвис вели дека ако продолжите да работите на тоа, работите може да се променат.

ГЕНИЈАЛЕН ТРИК: Како да ги научите децата да го нацртаат секое животно? (ВИДЕО)

„Толерирањето на зборот „не“ е како „градење мускули“, објаснува таа и додава: „Колку почесто децата го слушаат, толку подобро ќе го прифатат“.

Loading...
  1. Не го крие презирот кон подароците кои не му се допаѓаат

Додека повеќето деца знаат да покажат почит дури и кога не им се доапаѓа одреден подарок, „разгалените деца имаат тенденција да се лутат или воопшто да не реагираат“, вели лиценцираниот терапевт за брак и семејство, Никол Арцт, која работи на советодавниот одбор на Family Enthusiast.

Како да им објасните на децата што е коронавирус?

  1. Одбива да ги следи правилата

Додека сите деца повремено ги кршат правилата, разгалените деца честопати не веруваат дека правилата воопшто важат за нив.

  1. Одбива да учествува во домашните работи

„Родителите треба да ги научат децата да вршат корисни задачи“, вели Витли, кој забележува дека има и домашни работи погодни за деца од различна возраст.

„На пример, да се бара петгодишник да си ги среди играчките е одговорно родителство“, истакна таа.

Зошто на децата не треба да им пружите се што ќе посакаат?

  1. Не знае да каже „благодарам“

Учењето на љубезноста е процес. Односно, ако вашето дете нема да изрази благодарност дури и кога тоа ќе биде побарано, тоа е добар показател дека е разгалено.

  1. Никогаш ништо не сака да сподели

Споделувањето може да биде тешко на било која возраст, но тоа е потребно. Меѓутоа, ако неподготвеноста на детето да сподели е конзистентно однесување, тоа најверојатно се должи на родителската попустливост.

Loading...

Добро е децата да делат иста соба

„Иако е нормално децата во одредена возраст да бидат егоцентрични и имаат потешкотии да споделуваат работи што им се многу важни, вашето дете треба да може да покаже дарежливост“, вели терапевтот Вирџинија Вилијамсон.

  1. Не покажува емпатија

Ако вашето дете не покажува емпатија кон другите, без оглед дали одбива да направи честитка за член на семејство што е во болницата или се однесува како тоа што се случува во светот да не влијае на нив, ова треба да биде причина за загриженост.

Најтешките прашања кои децата можат да ви ги постават, а на кои немате одговор

„Децата од која било развојна возраст можат да направат мали гестови на емпатија“, вели Вилијамсон.

Неможноста или неподготвеноста да го стори тоа обично укажува на дете кое е разгалено.

Leave a Reply