Зошто е важно да го сочувате „детето во себе“?

Сподели со своите пријатели

Кога бевме деца, фантазиравме да пораснеме затоа што верувавме дека тогаш животот е поинтересен. И тогаш кога зачекоривме од топло и безгрижно детство во светот на возрасните, сфативме колку би било поубаво, ако сеуште бевме дете.

Loading...

Децата се мали луѓе кои сфаќаат сè што ние како возрасни можеби заборавивме при нашата потрага по исполнување на животот. Насмевката на детето носи искреност, нежност и невиност.

ГЕНИЈАЛЕН ТРИК: Како да ги научите децата да го нацртаат секое животно? (ВИДЕО)

Затоа, прифатете го тоа дете во вас, прифатете го цврсто и оставете ја таа искра на радост да ве води насекаде. Бидете сигурни, тоа никогаш нема да ве изневери!

Негувајте го. Сакајте го со сето свое срце! Чувајте ја како капка вода на дланката. Слушајте ги и прифатете ги вашите желби и мисли, и ќе се случи чудо.

Децата се секогаш искрени и отворени, и ако ја задржите дозата на нивна непосредност, ќе имате поздрав однос со луѓето. Не оптеретувајќи се со баналностите.

Децата од Азија се најздрави, а еве и зошто

Радувајте се на малите работи, зашто тие се вистинската среќа.

Loading...

Нема да бидете несериозни ако понекогаш си дозволите да се „лудите“ малку. Направете сè што ве опушта и ве прави среќни. Не дозволувајте тоа што сте возрасни да ве спречи да се чувствувате исполнето со малите нешта.

Ако ви се скока, скокајте! Ако ви се танцува, танцувајте! Чувајте го вашето дете во душата и играјте со него, со чисто срце и искрена насмевка!

Зошто на децата не треба да им пружите се што ќе посакаат?

Останете уверени дека најубавите луѓе се оние кои го задржуваат детето во себе!

 

 

Цитати од големи мислители исто така го поддржуваат ова.

Loading...

„Најголемиот човек секогаш останува дете“, (Јохан Волфганг Гете)

„Ние не престануваме да играме зошто сме постари, постари сме затоа што престануваме да играме“. (Џорџ Бернард Шоу)

Добро е децата да делат иста соба

„Целта е да се биде човек, а среќата да се биде дете. Среќата не ни ја носи тоа што го гледаме и допираме, ниту од она што другите го прават за нас, туку од она што мислиме дека можеме да го чувствуваме и да направиме за друг, а потоа и за самите себеси.” (Хелен Келер)

„Да се ​​биде дете во душата е најдобриот начин да го живеете животот во потполност, без разлика колку години имате. (Од стриповите на Гинтам)

„Секое дете е родено како божество. И тогаш се спушта до нивото на човекот“. (Симон де Бовоар)

Најтешките прашања кои децата можат да ви ги постават, а на кои немате одговор

„Ако нашите срца се полни со љубов, сите што ќе ги сретнеме ќе бидат наш брат или сестра. Така живеат децата – едноставно и природно прифаќајќи ги другите.” (Далај Лама)

Loading...

Човекот станува најблизок до себе кога ќе постигне вид на сериозност што го има детето додека игра. (Хераклит)

„Возрасните треба да учат од децата како да не размислуваат за минатото и иднината, туку да живеат во сегашноста“. (Непознат автор)

Токсичниот брак за децата е поболен од разводот

„Најважната активност во животот е галење. Никогаш не пораснувај – тоа е стапица“. (Слава Палунџин)

„”Секое дете е уметник. Тешко е да се остане уметник додека излегуваме од нашето детство”. (Пабло Пикасо)

„Како што старееме, стануваме посериозни и ова, се осмелувам да го кажам, е првиот чекор за да станеме глупави“. (Јозеф Едисон)

Loading...

„Децата растат брзо. Тоа мора да биде забрането. Забранете го растењето. Така се ќе биде подобро отколку што е сега“. (Џејмс Бери)

7 работи кои децата ги наследуваат од татковците

„Секој човек е дете на своите постапки“. (Мигел Де Сервантес)

„Децата не наоѓаат сè во ништо и луѓето не наоѓаат ништо во сè“. (Леопарди)

Leave a Reply