Личност која е во депресија ги има овие навики, кои се очаен повик за помош

Сподели со своите пријатели

Депресијата е често нешто што не се гледа, не се признава, не се дијагностицира… Лицето кое крие депресија е некој што се бори против своите внатрешни демони на начин што не е премногу очигледен.

Loading...

Можеби имаат или немаат дијагноза, можеби со блиските ги делат или не, своите маки, пишува авторот Лекси Херик на порталот „Faithit“.

Смартфоните можат да предизвикаат деменција и депресија

Проблемот е во тоа што светот станува многу темно место кога ќе престанеме да бидеме отворени во разбирање едни на други. Честопати мислиме дека секој ја носи болката отворено и ја искажува. Но, најтешките од ваквите болки се оние што не се гледаат, кои не се откриваат ако не сте подготвени многу добро да погледнете.

Скриената депресија може да се препознае според следниве навики:

  1. Обиди на сите да изгледаат среќно и задоволно

Скриената депресија е измама. Не е точно дека депресивните луѓе мораат да се однесуваат депресивно. Депресијата не е само расположение. Луѓето кои се депресивни понекогаш се обидуваат да изгледаат среќни кога се меѓу луѓето без разлика што се случува во нив.

Дали пушењето води кон депресија?

  1. Повремени лекови

Постои лек за депресија. Но, освен тоа, депресивните луѓе можат да имаат одредени животни навики кои им помагаат да се справат со депресијата. Може да биде одредена музика, одење, возење, вежбање или што било друго што им помага да се справат со своите емоции.

Loading...
  1. Можни проблеми со напуштање.

Депресијата е голем товар. Не само за лицето кое страда, туку и за луѓето околу него. Понекогаш луѓето бегаат кога им ги откривате нивните маки и болки. Иако е тешко да се обвинат за таа одлука, тоа создава големо чувство на напуштање кај депресивно лице.

Ова создава потреба да се одвојат од најблиските и потребата да ги кријат состојбата и чувствата. Нема ништо полошо од тоа кога некому ќе му го покажете најлошиот дел од себе и таа личност да ви сврти грб.

Стрелците среќни во љубовта, Скорпиите во депресија

  1. Професионализам кога станува збор за изговори

Депресивно лице може да биде одлична во лагите и измислување приказни за нивните постапки или чувства, од исеченици на рацете до причини зошто не може да јаде. Многу депресивни луѓе минуваат низ разни тешкотии што се мешаат во нивниот секојдневен живот.

Кога ќе се појави ова одвраќање, тие знаат што да кажат за да го свртат вниманието на блиските луѓе далеку од нив.

  1. Сокриената депресија резултира во необични навики во исхраната и спиењето

Иако ова се чини како мал фактор, тоа има големо влијание. Луѓето во депресија често покажуваат многу суптилни знаци на депресија. Примери за ова се премногу спиење или премалку спиење. Исто е и со јадењето.

Децата родени во втората половина од годината повеќе подложни на депресија

Јадењето и спиењето се клучни здравствени фактори, но тие се исто така елементи што човечкиот ум може да се обиде да ги контролира. Депресијата создава чувство на недостаток на контрола, па дури и малите случаи на контрола можат да бидат единствената поддршка за депресија.

Loading...
  1. Знаењето за влијанието на различните супстанции

Депресивните луѓе многу добро знаат што да стават во своето тело. Тие знаат дека алкохолот ја промовира депресијата и дека честото алкохолизмот може да доведе до услови со кои не можат да се справат.

ТЕРАПЕВТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Децата кои добиваат ќотек се склони на дрога и депресија

Тие знаат дека кофеинот и шеќерот се добри за нивното расположение. Тие знаат кој лек штп прави. Тие знаат што не е добро да се зема заедно. Тие го знаат сето тоа затоа што менувањето на нивната ментална состојба е многу поголем проблем за нив отколку за другите луѓе.

  1. Развиена перцепција за животот и смртта

Не се сите депресивни луѓе подложни на самоубиство. Но, тајната депресија често вклучува посебни и сложени мисловни процеси за животот.

Соочувањето со смртноста честопати доаѓа во очај. Се случува кога очајно барате одговори на сите прашања од животот. Постојано влегување и излегување од тешки состојби на умот може да доведе до почеста појава на вакви мисли.

Функционална депресија – пореметување на 21. век

  1. Талент и експресивност

Многу од најпознатите и талентирани музичари, уметници и научници се бореле со тешки ментални состојби. Луѓето кои живеат со депресија што можеби не е видлива за другите, честопати можат да се изразат на неверојатни начини. Тие се во допир со добрите и лошите страни на нивната душа.

  1. Барање на цел

Секој сака цел во животот. Сакаме да знаеме дека се движиме во вистинската насока. Луѓето кои се борат со депресија сакаат иста работа, и затоа се обидуваат да заситат нешто во себе што е незаситено.

Loading...

Како да ја надминете летната депресија?

Чувствата од страв и несоодветност честопати им се на памет. Тие честопати се обидуваат да направат нешто што им недостасува одвнатре со своите постапки и животи. Тие често ја менуваат насоката. Можеби тие се премногу фокусирани да бараат вистинска среќа.

Тие постојано бараат нешто повеќе.

  1. Суптилни повици за помош

Дури и на лицето кое знае да живее со товарот на неговиот ум можеби му треба помош. Често е лесно да се превиди суптилен повик за помош од некој што не го очекувате. Понекогаш луѓето ќе се обидат отворено да побараат помош. Тие моменти се клучни.

Внимавајте што слушате: Музиката има големо влијание врз нашето расположение

Овие моменти создаваат мост помеѓу луѓето со различни чувства и различни умови. Тие создаваат врска и доверба помеѓу пријателите и љубовниците, што не е така лесно да се создаде кај луѓето кои чувствуваат дека треба да ги сокријат своите вистински чувства.

Loading...
  1. Потрагата по љубов и прифаќање

Луѓето кои живеат со депресија на приватен и затворен начин го прават тоа за да се заштитат. За да го заштитат срцето, луѓето околу себе, своите соништа… Можеби некои од вас се чувствувате како поврзани со зборовите во овој напис, без оглед дали страдате од депресија или како се справувате со тоа.

Живееме во свет што не тера да го скриеме она темното и непријатното. Но, не мора.

ИСПОВЕД НА НАРКО ЗАВИСНИЧКА: Како се продавав и спиев со бездомници за грам од тивкиот убиец?

Најважната навика и мотивацијата на луѓето со скриена депресија, треба да разбереме, е дека тие исто така бараат љубов и прифаќање. Сите го бараме тоа. Единствениот начин да се добие тоа е да се шири.

Никогаш не свртувајте грб на личност која се чини дека страда. Сакакте кога е тешко. Плачете кога треба да плачете. Кога некој ќе ја затвори вратата, вие посегнете кон бравата. Отворете ги срцата, дури и кога ви изгледа многу страшно. Ако продолжиме да ги криеме сите лоши нешта, тогаш доброто ќе остане скриено.

Loading...

Скриената депресија е опасна. Депресивно лице треба да се лекува, да се разбереи пред сè, да се прифати.

Leave a Reply