Додека некои колеги отворено ви покажуваа непријателство, а со нив поминувате осум часа на ден, има и такви кои со својот антагонизам вешто тоа ќе го прекријат. Ви пренесуваме осум знакови како да дознаете дали колегите ве мразат.
Не се смејат во ваша близина
Тука не зборуваме за повромено лош ден или промена на расположението. Ако вее ви изгледа дека колегите од дно на душата не се смеат во ваше присуство, тогаш нешто не е во ред.
Избегнуваат контакт со очи
Тешко е да гледате во очи личност која не ви се допаѓа и не ја почитувате. Ако забележите дека вашите колеги избегнуваат контакт очи во очи со вас, тоа е затоа што постои некоја сериозна причина.
Ве избегнуваат
Доколку сте забележале колеги кои кога ќе ве видат наместо со лифт одат по скали или чекаат вие да излезете од кујната пред тие да влезат, тогаш сигурно ве избегнуваат.
Ве оговараат
Оваа детинесто и непрофесионално однесување е сигурен знак дека колегите не ве сакат па за вас шират секакви приказни.
Се однесуваат како да ве нема
Ако вашите колеги не ве поздрават кога ќе стигнат или кога ќе си одат, на тој начин вам веројатно ви покажуваат дека не ве сакаат.
Ви даваат кратки одговори
Ако мејловите од вашите колеги содржат само службени информации додека зборувате, или одговараат само со „да“ или „не“, бидете сигурни дека не сте им мили.
Никогаш не ве повикуваат на дружење
Ако колегите никогаш не ве повикале на ручек или кафе по заврушвање на работата, на тој начин ви праќаат и повеќе од јасна порака.
Комуницираат исклучиво по мејл иако седат покрај вас
Иако седат до вас, тие ви се обраќаат по електронска пошта и избегнуваат било каква комуникација лице во лице.