Земјаќи ги предвид цената на храната, алкохолот и цигарите, потрошниот материјал за домаќинството, обувките и облеката, лична грижа, транспортот, забавата, станарина и сметките, направен е список на најскапите градови за живеење во 2019 година.
Цирих е прогласен за најскап европски град, каде може да се јаде најскапиот „биг мек“ кој е двојно поскап од повеќето други градови на списокот.
Во Лондон ќе ви требаат најмногу пари за да гледате филм во кино.
Сепак, далеку економски најтешки се азиските градови и држави, со Кина на врвот, покажаа истражувањата на „Mercer“.
На списокот има 209 градови. Скопје е меѓу најевтините и е на 201 место.
Во регионот, Сараево (194) е исто така меѓу поевтините, а поскапи се Белград кој е на 181 место и Софија (177), Загреб (143) и Љубљана (142).
10 најскапи градови во светот:
1. Хонг Конг – Кина
2. Токио – Јапонија
3. Сингапур – Сингапур
4. Сеул – Јужна Кореја
5. Цирих – Швајцарија
6. Шангај – Кина
7. Ашгабат – Туркменистан
8. Пекинг – Кина
9. Њујорк – САД
10. Шенжен – Кина