Ова се идални подароци кога одите на слава

Сподели со своите пријатели

Сезоната на слави започна, а со неа и размислување што да подарите на домаќините. Тешко е ад се биде креативен, а посебно ако во ист ден имате неколку слави.

Loading...

Единствено правило до кое би требало да се придржувате е дека не треба да се претерува, затоа што целта на славата не е расфрлање со материјално богатство, туку скромно одбележување на денот на семејниот свет заштитник. Затоа вистинскиот домаќин најмногу ќе го цени вашето внимание и доаѓање, а подароците во вакви прилики се најмалку важни.

Пригодно е на домаќинот да му однесете вино, на домаќинката цвеќе, а на децата чоколадо. Вообичаени се и подароци за домаќинството. Малкумина нсоат кнги, но тие се одличен подарок за вакви прилики.

Доколку сте креативни, можете и да направите нешто како украсна кутија од дрво на која може да го изрезбате презимето на домаќинот, кожал со фотографии од членовите на семејството или декоративен свеќник за славската свеќа.