Магазинот „People“ за најсепскипилен маж во 2015 година го именуваше англискиот фудбалски репрезентативец Дејвид Бекам.
Иако има веќе 40 години, Бекам е симбол за сексипилен маж полни две децении. Дејвид Бекам е глобална ѕвезда, поранешен фудбалер кој и по завршување на спортската кариера е во центарот на вниманието на светската јавност.
Никогаш за себе не сум сметал дека сум атрактивен и привлачен – скромно изјавил Бекам.
На 18 години ја започнал својата фудбалска кариера во Манчестер Јунајтер, а подоцна преминал во Реал Мадрид, додека кариерата ја завршува во САД во рамките на екипата Лос Анџелес Галакси.
Во брак е со Викторија Бекам, поранешна пејачка, која моментално е моден дизајнер и модел, како и симбол за една од најубавите жени во светот.