Отворен концептуалниот изложбен приказ „El Verdugado“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше отворен концептуален изложбен приказ „El Verdugado“ на мр. Давид Стојановски.

Loading...

 

 

Станува збор за концептуален изложбен приказ на костимите преку различни временски периоди.

– „El Verdugado“ под формата на концептуален изложбен приказ го инкорпорира уметничкиот, авторски израз под секоја форма на артистизам. Обединувајќи ја скулптуралната, фотографската, сликарската, текстилната и архитектонска умешност,  „El Verdugado“ претставува катарксистичко отсликување на круцијалното костимографско поимање низ трансформиран образ на епохални секвенци од костимографскиот дискурс, изјави Стојановски.

 

Loading...

 

Проникнувајќи во облеката на античкиот хабитат, разминувајќи се низ парадигмите на уметничката периодизација, па до денес, изложбата битува низ манипулативниот пристап применет врз правилата и нормите, предимензионирани, трансформирани или интерпретирани до естетска, гротескна, парадоксална или кохезивна форма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

 

 

Како што пјаснува самиот Стојановски, тематски определената реалност во реалноста насловена како „El Verdugado“ се стреми низ процес на изолација, костимографската презентнос да ја извлече надвор од конвенционалноста на нормативниот приказ во кој егзистира, доближувајќи ја до публиката во извод на начин нестандарден за истата.

 

Loading...

 

– Како и самиот наслов кој во себе го крие името на дел од женскиот костим на ренесансата во Шпанија, изложбата пристапува кон историјата на костимот и костимографскиот презенс, длабоко разгледувајќи ги најексцентричните елементи на костимот, ретроспективно презентирајќи ги под разнообразни форми на модерен, уметнички израз, додава авторот.

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово