Откриени 5 нови острови, настанати со топење на глечерите

Сподели со своите пријатели

Руската морнарица соопшти дека за време на неодамнешните експедиции открила пет нови острови, кои претходно не биле таму, кои се појавиле по топењето на глечерите.

Loading...

„За време на експедицијата во август и септември, истражувачите исцртаа острови што сè уште не биле именувани и претходно биле скриени под глечерите“, рече водачот на Северната флота, адмирал Александар Мојсеев.

„Наидовме на нови острови заради топењето на мразот. На тоа место претходно имало глечери, односно мислевме дека тоа се делови од главниот глечер. По топењето и промената на температурата, се појавија нови острови”, рече Мојсеев, кој ги водеше експедициите, пренесува Гардијан.

Според минатомесечниот извештај за глобално затоплување на Обединетите нации, Арктикот изгубил повеќе мраз помеѓу 2015 и 2019 година отколку во кој било друг петгодишен период од моментот кога започна мерењето.

Русија во последните неколку години отвори голем број воени и научни бази на Арктикот, а интересот за регионот расте понатаму бидејќи глобалното затоплување предизвика појава на нови патни правци и со тоа пристап до претходно недостапни минерални ресурси.

За време на експедицијата, руското Министерство за одбрана објави дека пронајде пет нови острови во заливот Виза, во близина на Нова Земја, голем планински архипелаг со два главни острови.

Островите претходно беа забележани од министерството во сателитски слики, но ова е прва експедиција што ќе ги види во живо.

Leave a Reply