Откриена причината за шумскиот пожар на Хиос: Пијан возач направил сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Шумски пожар на грчкиот остров Хиос е предизвикан синоќа од сообраќајна несреќа кај селото Катавасис, а возачот кој ја предизвикал несреќата е уапсен, јавија локалните медиуми.

Loading...

Пожарот брзо добил големи размери, но бил ставен под контрола околу 10 часот по локално време и сега се повлекува, јавува ЕРТ, наведувајќи дека „нема активен противпожарен фронт“.

Во моментов се испушта вода само од два противпожарни хеликоптери, а пожарникари и волонтери интервенираат на помали жаришта.

Од противпожарната служба на Хиос потврдија дека причина за пожарот е сообраќајна несреќа, пренесува порталот Катимерини.

Возачот, кој изгубил контрола над автомобилот, излетал од патот, удрил во ѕид и предизвикал пожар, а со полесни повреди бил пренесен во Општата болница Хиос, каде на два пати му било извршено тестирање и во телото му биле пронајдени 0,42 промили алкохол.

По консултација со Окружниот обвинител на Хиос, против него е издадена наредба за два случаи: првиот по пријава на полициската управа Кардамилон за сообраќајната незгода и вториот по пријава на Противпожарната служба на Хиос за ненамерно предизвикување пожар.

Веднаш е распишана потерница за апсење и приведување на возачот, кој утре треба да биде изведен пред обвинител.

Поради пожарот синоќа околу еден час по полноќ е испратена порака до жителите на селата Диејка и Катавасис да се евакуираат во Волисос, јави претходно грчката државна телевизија ЕРТ.

Loading...

Од раните утрински часови во гаснењето на пожарот се вклучени пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарот.

На терен излегоа вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари кои пристигнаа со брод од островот Лезвос и 27 пожарникари кои пристигнаа со авион од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.