Откриен нов вид на јаглерод од кој може да се произведуваат дијаманти

Сподели со своите пријатели

Од Универзитетот во Северна Каролина ни доаѓа една навистина необична вест, таму научниците откриле нов вид на црвст јаглерод кој го добил името „Q-carbon“.

Loading...

Истиот има доста необични карактеристики, а од кои може на собна температура да се произведуваат дијаманти.

Имено, тој има различни карактеристики од дијаматите и графитот, односно потврд е од дијамантот, свети кога се загрева и е феромагнетичен. Тоа што е индересно е дека „Q-carbon“ се прозведува во лабалаторија.

За да успеат во тоа, на научниците им се потребни две работи: аморфен јаглерод во кој атомите на јаглерод се целосно расфрлани и подлога која е нешто измеѓу сафир, стакло и пластика.

Подлогата се премачкува со аморфен јаглерод, се испалува ласерски сноп со пулсеви на секои 200 наносекунди, а целиот процес предизвикува забрзано загревање на 3,727 степени целзиусови и ладење на аморгниот јаглен.

Направивме трет цврст облик на јаглерод и единствено каде во природата може да се најде е на некои други планети – вели Џеј Нарајан.

Научнциите до сега успевале да произведат доста тенки слоеви од овој материјал, само 20 до 500 нанометри во дебелина, односно околу 100 пати потенко од влакното на косата.

Доколку се пронајде начин овој материјал да се произведува во поголеми количини и да биде поефтино, неговите необични својства ќе го прават феноменален материјал за користење во технолошката индустрија.

Освен што е цврст и изджлив, овој материјал ветува кога е во прашање неговиот одговор на магнетните и светлосните импулси. Поради тоа би бил идеален за производство на нови електронски диспели.

Loading...