Осаменоста поопасен проблем за здравјето од пушењето

Сподели со своите пријатели

Политичарите во Берлин бараат да назначат „комесар за осаменост“. Дружењата и социјалните врски ги има се помалку, а тоа влијае и на здравјето. Тоа не е само германски проблем – феноменот е забележан од Јапонија до Америка.

Loading...

Секое друго домаќинство во Берлин има само еден член. Градот со федерален статус веќе има служби за помош на постари лица преку телефон, професионално организирани забави за физички контакт со други човечки суштества и група за самопомош на Фејсбук.

И канцеларката на ЦДУ Ангела Меркел сега бара главниот град да има – официјален комесар за осаменост.

Самотијата е најтешката болест!

„Некој мора да координира сè и е потребно полно работно време“, рече портпаролот на ЦДУ, Мајк Пен, објаснувајќи дека повеќе не е доволно со проблемот само да се занимавате волонтерите.

„Берлин, како растечка метропола, треба да го преземе овој чекор“, рече тој за јавната служба на РББ.

Осаменост во град со 3,6 милиони жители

Според извештајот на берлинскиот Тагешпигел, 1.300 лица биле вклучени во доброволно работење за борба против осаменоста минатата година. Можеби звучи како голема бројка, но градот има население од 3,6 милиони и има се повеќе осамени лица секоја година.

Loading...

Во истиот напис се вели дека најмалку 300 луѓе умираат во нивните станови годишно без никој да забележи – понекогаш со недели. Не е ни чудо што Берлин го заработи прекарот „главен град на осаменост“ во печатот и на социјалните медиуми.

Германија воведува „Министерство за осамени“

Истражувањето спроведено во мај од страна на Федералната влада открило дека од 2011 до 2017 година имало 15 проценти зголемување на бројот на Германците на возраст меѓу 45 и 84 години, кои рекле дека понекогаш се чувствуваат многу осамени.

Епидемијата на изолација не е само германски феномен. Од 2018 година, Велика Британија има министер за осаменост, именувана по една студија која открила дека девет милиони Британци се чувствуваат осамени.

Во тоа време Марк Робинсон, шеф на непрофитната организација „Age UK“,рече дека „се покажало дека осаменоста е полоша за здравјето отколку пушењето 15 цигари на ден и можеби не е составен дел од животот на постарите луѓе“.

Сепак, зголемувањето на изолацијата е феномен што се забележува кај сите возрасти, полот и етничките групи. Обемна студија спроведена од американската истражувачка фирма Ипсос откри дека во Соединетите држави најосамените луѓе се од генерацијата „З“ – родени кон крајот на 90-тите и почетокот на овој век.

„Скоро половина од Американците (46%) пријавуваат дека понекогаш или секогаш се чувствуваат осамено“, се вели во истражувањето спроведено од компанијата за здравствено осигурување Цигна.

„Генерацијата З имаше највисоки нивоа на осаменост, а најмалку осамени се поврозрасните од 72 години“.

Loading...

Проблем и на исток

Осаменоста не е само проблем за Западот. Во Јапонија, вообичаени се кафулињата во кои работат хостеси каде мажите плаќаат да разговараат, а понекогаш и да се галат со жени, да одат на прошетка или да се преправаат дека се двојка.

И има се поголем број кафулиња со машки хостеси – каде се нудат истите услуги, само клиентите се жени.

Во Кина, политиката на едно дете предизвика таква нерамнотежа кај населението, што има се поголеми извештаи за трговци со киднапирање жени од соседните земји, како што е Мјанмар, за да се обезбедат „сопруги“ на осамени млади во Кина.

Не ги обвинувајте социјалните мрежи

Социјалната изолација влијае на здравјето и ова станува сè позабележително.

Велика Британија формираше Министерство за осаменост

Американскиот национален институт за здравство соопшти дека ризиците вклучуваат „висок крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина, ослабен имунолошки систем, анксиозност, депресија, когнитивен пад, Алцхајмерова болест – па дури и смрт“.

Loading...

Студијата на Цигна исто така откри дека осаменоста е штетна за кариерите, што доведува до пониски плати и посиромашна прогресија, меѓу другото, поради лошата соработка со колегите.

Многумина гледаат замки во современиот живот кои пристигнале со интернетот, но истражувачите велат дека причините се всушност подлабоки.

Студијата на Цигна наведува дека врз основа на податоци како што се „нивото на директна интеракција меѓу лицата, физичкото и менталното здравје и рамнотежата помеѓу работата и животот – осаменоста може подобро да се предвиди отколку што се заснова на податоците за користење на социјалните мрежи“.

Тешко беше да се посочат специфичните причини за оваа криза на осаменост, но научниците од списанието „Psychology Today“ велат дека зголемениот број луѓе што живеат сами, како во случајот со Берлин, биле еден од многуте фактори. Затоа што, дури и ако луѓето живеат со други, не мора да значи дека тие немаат чувство за социјална изолација.

Порака до шефовите

Студијата на Цигина како едно од решенијата им сугерираше на шефовите да промовираат тимска работа и ангажирање на работното место – ова може да доведе до некои основни интеракции, како што се разговор, контакт со очи и непосредна физичка блискост со другите. И токму тоа им недостасува на осамените луѓе.

Loading...

Берлинската ЦДУ планира годишен буџет од 100.000 евра за финансирање на проекти за борба против социјалната исклученост, според РББ.

Додека Берлинскиот сенат не го разработи и не го одобри планот, психолозите советуваат дека оние што страдаат од осаменост треба барем да имаат минимален контакт со блиски луѓе, како соседи, колеги, работници во супермаркети…

Исто така, им се советува да поминат време надвор и да најдат групни активности во нивната област.

И ако се чувствуваат лошо – тогаш разговарајте со вашиот лекар.

Leave a Reply