Велика Британија формираше Министерство за осаменост

Сподели со своите пријатели

Британија именуваше министер за осаменост кој би требало да го реши проблемот со изолираноста, со кој се соочува секоја десетта личност во земјата.

По убиството на пратеничката Џо Кокс, оваа функција ќе ра преземе министерката за спорт Трејси Крауч и ќе ја врши паралелно со веќе постоечката функција.

Крауч треба да осмисли стратегија за решавање на овој проблем, за кој експертите велат дека е поврзан со деменција, ран морталитет и висок крвен притисок.

Околу 200.000 стари лица во Британија не разговарале со пријателите или роднините подолго од месец дена, се наведува во владините извештаи.

Големиот број британски лекари секојдневно примаат од еден до пет пациенти кои бараат помош затоа што се осамени, се тврди во соопштението на организацијата „Кампања за завршување на осаменоста“, која се занимава со решавањето на овој проблем.

Кокс непосредно пред да бид еубиена основла комисија за решавање на оваа прашање и брала од владата да именува министер кој ќе се занимава со овој проблем.