12.05.2019 21:16

Германија воведува „Министерство за осамени“


Германија размислува за воведување посебно одделение во Министерствоо за здравство кое би се грижело за проблемите на осамените граѓани, јавуваат тамошните медиуми.

– Досега премалку внимание им се посветуваше на болестите кои ги предизвикуваше осаменоста. Една неодамнешна студија покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести како депресија, анскиозност, но и болести на крвниот систем, рекол претставникот на социјалистите Карл Лојтербах за весникот „Welt am Sonntag“.

loading...

Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе посебна комисија при Министерството за здравство која би се занимавала со осаменоста и штетите кои таа појава ги нанесува на општеството.

Идејата за посебна комисија за осамени ја поддржал и претставник на демохристијанската Унија, Маркус Вајнберг.

– Мора да има повеќе мест аи програми кои на осамените луѓе би им овозможиле повторно вклучување во општествениот живот, рекол тој.

Политичарката на Зелениет, Марија Клајн Шмеинк бара да се изработи студија за трошоците за

Весникот пишува дека бројот на жители во индустриски развиените земји се зголемува до таа мерка што експертите зборуваат за „епидемија на осаменоста“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments