Општина Куманово со повик за поддршка на проекти за унапредување на здравјето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово вчера објави јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита.

Loading...

Како што информираше раководителот на Секторот за социјална заштита, Александар Крстевски, меѓу целите на ова акампања е подигнување на свеста за превенција од дијбатес, превенција од сексуално преносливи болести, подигнување на свеста кај родителите заради поголем опфат со вакцинација кај децата, рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања и други теми од областа на здравствена заштита.

– Како подносители на предлог-проекти остварување на правото на финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово, можат да се јават здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита, а кои ги исполнуваат неколку критериуми, изјави раководителот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен повикот за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита во Куманово

 

 

Критериумите и услови за аплицирање се детално наведени на општинската веб страница.

Како што посочи Крстевски, едно здружение односно правно лице, може да аплицира со еден предлог проект.

Loading...

– Секој предлог-проект се доставува со апликационен формулар до општинската архива. Рок и начин на доставување на предлог-проекти Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk ќе трае четиринаесет дена од денот на објавувањето, односно од 10.02.2025 година заклучно со 24.02.2025 година, додаде Крстевски.

Фомуларите, заинтересираните правни лица и здруженија, може да ги пронајдат на општинската веб страница или на портирницата на даночно одделение во зградата на поранешен Козјак спроти Градскиот стадион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полициски службеници од Младо Нагоричане повредени во сообраќајка

Никола Ивановски