Општина Куманово со 4 милиони денари ќе набави средства за дезинфекција

Сподели со своите пријатели

Четири милиони денари Советот на Општина Куманово одобри на локалната самоуправа за набавка на средства за заштита и дезинфекција во борба против коронавирусот.

Loading...

Со оглед дека се потрошени средствата за дезинфекција, вели градоначлникот Максим Димитриевски, побарано е од Советот да се искористи ставката за тековни средства.

Со предвидените пари ќе се набави и специјално возило за одржување на јавно-прометни површини и дезинфекција, во вредност од 1.200.000 денари.

– Тоа е возило од помал обем, знаете дека вакви возила се скапи на кои треба да се монтираат механизми за дезинферкција. Имаме потреба од 60 механички пумпи во вреднсот од 100.000 денари или оние кои се користат и во градинарството за да може да се врши дезифенција на помал простор, отворен или затворен. 30 моторни пумпи со поголем капацитет во вредност од 300.000 денари, со оглед на фактот дека ги споредивме цените на овие прозиводи, се движат од осум до 80 илјади денари во зависност од произведувачот, сметаме дека е подобро да се обезбедат повеќе вакви уреди за да можат да делуваат поголем број лица, а по потреба и волонтери затоа што имаме во кампањата вкучени волонтери, и сметам дека ова нема да заврши во кус период, рече Димитриевски.

Сто илјади денари ќе бидат потрошени за набавка на моторно масло за двотактни мотори, 200.000 денари за дезинфекција на раце, обувки и облека, заштитни маски  во вредност од 300.000 денари, заштитни ракавици во вредност од 300.000 денари, опрема и потрошен материјал за дезинфекција и самоизолација и услуги (резервни средства), во вредност од 1.200.000 денари.

– Овие 1,2 милиони денари се средства кои дополнително би се користеле за набавка на веќе посочени материјали по потреба, но бидјеќи разговараме со одредени субјекти за приизводство на маски за дел од нив да набавиме потребе материјал или дел од услуга ќе се пплати, а друга по општествена одговорност ќе биде дадена од компанијата, рече Димитриевски.

Градоначалникот им се заблагодари на сите вклучени во борбата против ширење на вирусот, особено на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кое е вклучено во дезинфекција на јавни-прометни површини.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply