Општина Куманово ќе одвои средства за да го поддржи советувалиштето за жртви на семејно насилство, одлучија советниците на последната седница.
Како што информираа надлежните од комисијата за еднакви можности за мажи и жени ќе се одвојат 711.000 денари за двегодишна поддршка на акцискиот план за рамноправност на жените и мажите.
Од тие средства 60.000 се наменети за едукација на администрацијата за препознавање на жртвите на насилството, 600.000 денари се за советувалиште кое функционира преку хуманитарнот здружение во Куманово.
Советниците кажаа дека дел од жртвите одбегнуваат да пријават насилство во Центарот за социјална работа, бидејќи се плашат, а преку советувалиште ќе добијат примарна поддршка и охрабрување за преземање на нивни понатамошни чекори.
Претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска кажа дека советувалиште постои, отворено е преку „Релоад програмата“ со кого менаџира здружението „Мајка“.
Таму се ангажирани психолог, правник, кариерен советник и социјален работник.
– Неопходно е да постои советувалиште. Во Куманово неодмана беа убиени две жени, претходно жена во Табановце, сега слушаме во Кочани. Многу е важна поддршка за жртвите кои се малтретирани, да имаат каде да пријават да се обратат првично. И во иднина ако стане советувалишето регионално како што е предвидено, тогаш и останатите општини од североистокот ќе треба да одвојат средства за негово функционирање и ќе се зајакне неговата поддршка за жртвите, рече Ѓорѓиевска.
Кумановските советници едногласно кажаа дека важно да се задражат традиционалните вредности во државата, што значи жена, што значи маж.
Миле Андоновски од партијата на пензионерите кажа дека за сите важно да се почитуваат семејните традиционални вредности, да има повеќе деца во заедниците, сите да се радуваат на нивните успеси.
МИА