Опожарени два автомобили ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два автомобили сопственост на трисет и двегодишник од Куманово ноќва биле опожарени на паркинг простор.

Loading...

– На 30.03.2025 во 03.24 часот во СВР Куманово било пријавено дека паркинг простор на ул.„Тоде Думба“ во Куманово биле опожарени патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, двете сопственост на М.П.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, поврдени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Емилија и Стојче Тоциновски во Куманово