ОО на Црвен Крст со дистрибуција на помош во ”Диво Насеље” (видео)

Сподели со своите пријатели

Црвениот крст на Република Македонија преку Општинската организација на Црвен крст Куманово, денес започна со дистрибуција на првична хуманитарна помош за задоволување на потребите на 110 семејства кои се зафатени со последиците од неодамнешните случувања во Дива населба (урбана заедница Тоде Мендол), Куманово.

Loading...

DSC_0003 copy

Општинската Организација на Црвен Крст започна со помош уште од првиот ден на немилите настани, вели претседателот Иле Митковски, со тенденција да се помога и во деновите што престојат.

– За задоволување на потребите Црвениот крст на Република Македонија ќе дистрибуира пакети со храна, пакети со средства за хигиена, 400 ќебиња, хигиенски бебешки пакети, бебешки пелени, 100 пара чизми, 40 сетови со средства за дезинфекција и 3,5 тони вода за пиење.

Претседателот на МЗ Тоде Мендол, Шабан Демири, вели дека на претходно одржан состанок со градоначалникот на Куманово, сите членови на месни заедници, членови на граѓански здруженија и верски заедници било договорено да им се пружи помош на оштетените лица.

– Исто така и Црвен Крст на Куманово се понуди да даде хуманитарна помош и еве како што можете да видите, го одржаа зборот и тоа ќе биде првична помош. На луѓето тука сега се` им е потребно бидејќи се им е уништено. Целата инфраструктура и сите објекти за живеење. Исто така ќе има и помош од страна на владата. За донации се јавуваат уште многу други луѓе за да достават помош, се јавуваат и други хуманитарни организации така што очекуваме доста помош од други организации, вели Шабани.

Како што соопшти претседателот на МЗ Тоде Мендол, оштетените семејства се замолени да ја подигаат помошта на лице место со оставање потпис,  за да не дојде до забуна кој земал, а кој не земал помош, вели тој.

Loading...

Пред улицата Перо Илиевски, помош делеше и тетовската хуманитарна организација Мерихат.

 

 

Leave a Reply