Олимписките игри во Токио, што ќе се одржат летово (освен ако не се одложат поради коронавирусот), влегуваат во завршните фази на подготовка.
Овие игри ќе бидат специфични на многу начини, а една од работите што ќе се памети е преносот на спортските настани во 8K резолуција, заедно со 22,2 аудио канали.
Јапонците стопија 80.000 тони електроника и ги направија сите медали за Олимписките игри
Засега е сигурно дека преносите во живо со оваа резолуција ќе бидат достапни во Јапонија, но не е познато дали и како гледачите ширум светот ќе можат да уживаат во максимален квалитет на сликата.
Доколку е достапно, тоа најверојатно ќе биде преку интернет стриминг.
Засега е познато дека церемонијата на отворање и затворање на Олимписките игри, во која ќе биде вклучен и првиот пренос во живо во таа резолуција од хеликоптер, сигурно ќе биде пренесена во резолуција од 8К.
Исто така, некои спортски преноси ќе бидат достапни во 8K резолуција, како што се машкото атлетско финале на 100 метри и 200 метри, атлетското финале на 200 метри за жени и 400-те машки релеи.
Волонтерите олимпискиот факел ќе го носат во унофрми од рециклирана пластика (ФОТО)
Во оваа резолуција ќе бидат достапни и други натпревари во други спортови – финале во женски фудбал и одбојка, како и некои натпревари за бадминтон, џудо и пинг-понг, или пливање.
Неколку недели подоцна, во август, со 8K резолуцијата ќе бидат емитувани церемонии на отворање и затворање на Параолимписките игри, рагби со инвалидски колички, пливање…