ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Улицата „Крушевска Република“ цели 72 години чека уредување (фото)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција која денес ја одржа Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно беа упатени остри критики до локалната самоуправа, овој пат од улицата „Крушевска Република“.

Срѓан Ивановски на прес конференцијата рече дека и по јавните реакции на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за комуналните проблеми во коишто тоне Општина Куманово, од Градоначалникот најчесто како одговор добивале обвинување дека наводно „фрлаат прав во очите“ на граѓаните на Куманово, служејќи, единствено на наводната „антипропаганда“ насочена кон него и неговата администрација.

Сликата којашто ќе ја пренесат медиумите, а овој пат од улицата „Крушевска Република“ е за жал, најдобрата реплика којашто граѓаните овие денови ја упатуваат до Градоначалникот и неговата администрација: -„Не, прав, кал и калдрма гледаме, почитуван градоначалниче“ – рече Ивановски на денешниот прес.

12421939_962216960493091_1936378050_o

Loading...

 

Тој наведува дека од разговорот со жителите на оваа улица дознале дека градоналачникот и СДСМ веќе три години ги лажеле граѓаните дека ќе ја асфалтираат улицата.

Реалната слика ја гледаме деновиве после обилните дождови, иако улицата се наоѓа во непосредна близина на Општата болница и училиштето „Толи Зордумис“ и е една од пофреквентните, како место на природно поврзување на две месни заедници: „Христијан Карпош“ и „11-ти Ноември“. Почитуван Дамјановски, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово иако е свесен дека вашата работа започнува и завршува со лажните изборни ветувања, повторно, во име на граѓаните и од улицата „Крушевска Република“ Ве прашува: – Колку чини достоинството на кумановчани? – вели Срѓан Ивановски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Од партијата додаваат дека посочената улица уредување чека цели 72 години од ослободувањето на градот, заедно со 12-те години како што истакнуваат неработењето на градоначалникот.

Господине градоначалник, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, во името на граѓаните, од Вас бара, да ја напуштите празната реторика и од кабинетот да слезете меѓу обичното граѓанство и без одлагање, заедно со администрацијата, во најкус можен рок, да ја уредите улицата „Крушевска Република“ и да ги решите напластените комунални проблеми на овие жители ! – порача Ивановски.