На прес конференција, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово упатија обвинувања до општината дека ЈП „Куманово гас“ е само товар на Куманово, затоа што од него нема никаков бенефит.
Тие велат дека во програмата на градночалникот Зоран Дамјановски од 2013 година стои дека гасот ќе биде дистрибуиран со мрежа од 40.000 метри, но од тоа ни трага ни глас – вели Срѓан Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој проект требаше да донесе нови инвестиции и 100 нови вработувања.Со жалење може да заклучиме дека до денеска нема реализација на ова ветување.Денеска Куманово-гас преставува само терет на општината,која секоја година одвојува значителни финансиски средства за негово одржување. Имено како илустрација би сакале да го наведеме финасискиот извештај од првото полугодие за 2015 година ,каде јавното претпријатие пријавило загуба од 3 511 155 денари,што е за 7,3 проценти повеќе од истиот период од 2014 година, односно со остварени приходи од 3 958 008 денари и расходи од 7 469 163 денари,што е за 11 проценти раст на расходите од истиот период од претходната година. – веше кажано на пресот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Тие го прашаа градночалникот Дамјановски до кога мисли општината секоја година да издвојува големи суми за ЈП Куманово-гас а без никаков бенефит за тоа да имаат граѓаните?