ОИК ги врачи уверенијата на Димитриевски и новите членови на Советот на Општина Куманово (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општинската изборна комисија денеска официјално ги врачи уверенијата на Максим Димитриевски за нов мандат како градоначалник на Општина Куманово, како и на 33 нови членови на Советот.

Loading...

 

 

Претседателката на ОИК Куманово, Бранкица Димковиќ, ги повика сите заедно да работат чесно и одговорно, сите да придонесат за подобрување на животната средина и природа со подобрување на спортот, културата, социјалната заштита и образованието.

– Би сакала во мое лично име и во име на Општинската изборна комисија Куманово да ви честитам за изборот на Градоначалник и изборот за советници во Советот на Општина Куманово. Ве повикувам функцијата градоначалник и советник да ја извршувате согласно законот, совесно и одговорно со почитување на Уставот, законите и прописите при вршење на вашите права и должности, рече Димковиќ.

 

Loading...

 

Градоначалникот Максим Димитриевски упатувајќи честитки до сите избрани советници, повика сите заедно да работат за интересите на Куманово и градот да стане модерно и убаво место за живеење.

– Очекувам дека без разлика на политичка или било која друга определеност ќе имаме успешна работа во следните четири години бидејќи сепак нашата заедничка цел е да работиме во интерес на нашите граѓани и нашиот град. Сакаме да го видиме Куманово во уште поубаво светло и секако дека сите без разлика кој со какви убедувања сме и од каде доаѓаме ќе работиме исклучиво за интересите за нашите граѓани, на кумановки и кумановци и да го трансформираме Куманово во едно модерно и убаво место за живеење, рече Димитриевски во своето обраќање.

 

 

Советот на Општина Куманово, инаку, брои 33 членови. Засега е познато дека СДСМ и нивните коалициски партнери ќе влезат во коалиција со ДУИ, додека останатите сѐ уште се во преговори. Иако има шпекулации за можно коалицирање на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ со ВМРО-ДПМНЕ, засега нема официјална потврда од двете страни. Единствено познато е дека граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ја официјализираше соработката со Алијанса и Алтернатива.

 

Loading...

 

Од независната листа „За наше Куманово“ во идниот совет ќе влезат:  Ивана Ѓорѓиевска, Дарко Митевски, Јадранка Стаменковска, Николај Павловски, Лидија Костиќ, Бетим Хајдари,  Мирјана Прокиќ Младеновиќ и Зоран Јовановски.

 

 

Од коалицијата на СДСМ: Атина Мургашанска и Александар Јовановски, Мартин Захариев, Александра Лазаревска, Љуљета Миљаими, Самет Салиевски, Јелена Спасовска, Дејан Ивановски од СДСМ, Благојче Јаќимовиќ од НСДП и Сузана Манчиќ од Српската странка.

 

Loading...

 

Од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Елена Доцевска Божиновска, Бобан Николовски, Валентина Младеновска и Невена Величковска од ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Милошевски СПМ, Саша Николиќ ДПСМ, Марјан Каранфиловиќ ГРОМ.

 

 

Loading...

Од ДУИ – Арта Мехмети Адеми, Ридван Дервиши, Мендух Асани и Фитор Јакупи.

Алијанска на Албанците и Алтернатива – Дритон Сулејмани и Хузаир Мустафи

Со по еден претставник во советот влегуваат Левица и БЕСА. Од Левица тоа ќе биде Никола Лазаревски, додека БЕСА ќе ја застапува Хуљуси Асипи.

 

Loading...

 

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ утринава излезе со информација дека за претседател на новиот Совет ќе ја предложи Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски