„За наше Куманово“ со предлог Ивана Ѓорѓиевска да биде претседател на Советот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ќе достави предлог идниот претседател на Советот на Општина Куманово да биде Ивана Ѓорѓиевска, носителката на листата кандидати за советници на локалните избори.

Loading...

Оваа информација денеска на прес конференција ја соопшти градоначалникот Максим Димитриевски, кој рече дека одлуката следи по внатрешен координативен состанок на иницијативата „За наше Куманово“.

– Заклучивме дека ќе го доставиме следниот предлог до сите, носителката на листа на концептот „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска биде кандидатот за следен претседател на Совет на општина Куманово. Ќе побараме поддршка од сите советнички групи и сите претставници во Советот. Сметам дека треба да се обединиме позади едно име кое доаѓа од еден граѓански концепт, којшто нема да биде во функција на политиката, туку единствено ќе биде во функција на граѓаните. Ајде да покажеме дека Куманово ни е поважно од партиите, да покажеме дека Куманово на сите ни е на прво место, рече Димитриевски.

 

 

Тој повика граѓаните да имаат општина растеретена од политички превирања и влијанија.

Никола Ивановски

Loading...