Ограбена продавница во селото Бељаковце

Сподели со своите пријатели

Продажен објект во село Бељаковце, Општина Старо Нагоричане викендов бил мета на крадци при што биле одземени пари и производи.

Loading...

– На 25.12.2022 во 08.45 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане, М.С.(58) од село Бељаковце, општина Старо Нагоричане, пријавил дека во неговиот продажен објект во село Бељаковце било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и различни производи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово