Одложена расправата за ”Монструм” – следно рочиште на 11 септември

Сподели со своите пријатели

Апелациониот Суд ја одложи расправата по пресудите во случајот „Монструм“ откако двајца од шестте обвинети не беа приведени и донесени на денешното закажано рочиште, јавува порталот А1он.

Loading...

Судскиот совет не беше известен од кои причини обвинетите Агим Исмаиловиќ и Хаки Азири не беа приведени и донесени во судот.

Доколку бидат задоволени сите услови, на следното рочиште ќе се расправа по жалбите на одбраната која бара укинување на првостепената пресуда, како и по жалбата на обвинителство за една ослободителна пресуда. Според адвокатите на осудените пресудата на Кривичен суд е преседан во македонското судство и сметаат дека мора да се поништи затоа што, велат, се заснова само на исказот на заштитениот сведок.

Во меѓувреме јавноста очекува од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ја објави „бомбата“ со прислушувани разговори во која, наводно, се откриваат нови факти поврзани со случајот.

На 30 јуни минатата година, Основен Суд Скопје 1 ги прогласи за виновни Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута за петкратно убиство, коешто беше извршено на Велигден 2012 година.

Осудените добија највисоки можни казни под обвинението за тероризам.