Американски генерал: Ќе застанеме покрај нашите европски сојузници во одбраната на Балтикот

Сподели со своите пријатели

САД ќе застанат со своите европски сојузници во одбраната на балтичките земји, изјави во Естонија командантот на НАТО во Европа Крис Донахју, додека германскиот министер за одбрана рече дека дополнителниот штаб за одбрана на Балтикот е доказ за подготвеноста на НАТО да го брани секој сантиметар од сојузничката територија.

„Вие сте подготвени да направите повеќе и да ги следите зборовите со дела, а САД ќе бидат таму со вас. Така се гради одвраќањето: не со зборови од говорницата, туку со чизми во калта“, рече американскиот генерал Крис Донахју во естонскиот град Валги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобално истражување: САД означени како најголема закана во 15 земји, Русија во 14

Донахју, кој ќе ја напушти својата функција во четврток, е и шеф на американската војска во Европа и Африка.

Германски министер за одбрана: Силна демонстрација на колективна решителност

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус истакна дека дополнителниот штаб за одбрана на балтичките држави докажува дека НАТО ќе го брани секој сантиметар од сојузничката територија.

„Тоа е видлива и моќна демонстрација на единство, подготвеност и нашата колективна решителност да ја браниме секоја педа од сојузничката територија“, рече Писториус на церемонијата на предавање на командата врз сојузничките копнени сили во Латвија и Естонија на германско-холандскиот корпус.

Војниците на НАТО во сите три балтички земји, како и во северна Полска, досега беа под команда на мултинационален штаб со седиште во Шчеќин, Полска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венс: Израел е важен партнер, но САД мора да ги застапуваат своите интереси