Од утре нов бојкот на средношколците

Сподели со своите пријатели

Бојкотот на настава на учениците од средните училишта, ќе продолжи во вторник, најави Средношколскиот пленум.

Loading...

Средношколците остануваат на намерата преку бојкот да го натераат ресорниот министер да ги повика на дебата, а потоа да ги повлече и измените во полагањето на државна матура.

„Во моментов, единствена алатка околу актуелниот проблем ни е бојкотот. Се одржаа два марша, се поднеа две барања, двапати се побара средба со Министерот Абдулаким Адеми, но ништо од ова не вроди со плод, па се решивме на радиаклизација, односно бојкот. Министерот двапати ни вети средба преку медиумите, но тоа двапати не се исполни. Она на кое се надеваме е дека оваа недела ќе бидеме повикани на средба и нашите барања ќе бидат исполнети.“ – велат од Средношколскиот пленум.

Средношколскиот пленум го промовираше првото видео за активностите и барањата, а најави уште едно.

Во Куманово, минатата недела, кон бојкот на наставата се приклучија сите средни училишта. Учениците, овојпат, наместо да протестираат на улица, решија бојкотот да го спроведат внатре во училишните простории, со одбивање да влезат во училниците.

Leave a Reply