Од понеделник, 27 јули, ќе започне реконструкцијата на капелата на Градските православни гробишта во Куманово, информираат од ЈП „Чистота и зеленило“.
Целта на реконструкцијата е подобрување на условите и квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните.
Од јавното претпријатие апелираат до посетителите на гробиштата да покажат разбирање за време на изведувањето на градежните работи, да ја почитуваат поставената сигнализација и упатствата на терен, како и да се движат внимателно во зоната каде што ќе се одвива реконструкцијата.
Реконструкцијата ќе се реализира во рамки на проект за кој финансиските средства се обезбедени од Владата на Република Македонија, а кој е аплициран преку Општина Куманово.
Никола Ивановски

