Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Бензините од ноќва минимално ќе поскапат, додека дизелот значително ќе поевтини, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 95,00 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ограбена црква во кумановско Долно Којнаре

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,166 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,410 ден/кг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец одбивал алко-тест и бил агресивен кон полицајци. Во станица му измериле 1,57 промили