Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука.

Loading...

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Формирана е 54та Општинска организација на Движење ЗНАМ во Теарце

Со одлуката на РКЕ за 0,95 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,705 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381 отсто, кај дизелот за 1,884, кај екстра лесното масло за 1,987 и кај мазутот за околу 2,396 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7218 отсто.