Од почетокот на војната во Газа лекувани 16.500 израелски војници

Сподели со своите пријатели

Израел објави дека околу 16.500 негови војници биле лекувани поради физички и психички повреди од почетокот на војната против Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Loading...

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека речиси половина од војниците кои се здобиле со повреди, поточно 7.300, страдале од траума откако армијата почнала со операции во Газа.

Шефот на Одделот за рехабилитација на Министерството за одбрана, Лимор Лорија, рече дека војниците страдаат од посттрауматско стресно растројство, анксиозност и депресија.

Израел, исто така, изјави дека повеќе од 400 војници се убиени од почетокот на операциите во Газа, откако повеќе од 1.200 луѓе беа убиени во напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година, започнат од палестинскиот отпор против воените бази и населби околу Појасот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел најави дека наскоро ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

Повеќе од 165.000 Палестинци, од кои повеќето се деца и жени, се убиени и ранети во војната што Израел со американска поддршка ја води против Појасот Газа, а повеќе од 11.000 од нив се водат како исчезнати, соопштија властите во Газа.