Од почетокот на конфликтот во Украина, 2,65 милиони луѓе побегнале во Полска

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на руската воена операција во Украина, 2,65 милиони луѓе побегнале од таа земја во Полска, соопшти денеска полската граничари.

Loading...

Според Би-Би-Си, бројот на луѓе кои ја преминуваат границата со Полска значително е намален во последните недели, а зголемен е и бројот на луѓе кои преминуваат во Украина.

 

Војната ќе се решава во следните три недели, вели американскиот генерал (ВИДЕО)

 

Во неделата во Полска преминале 28.500 луѓе, што е за два отсто помалку од саботата, објави граничната полиција на Твитер.

Како што се наведува, просечниот дневен број на луѓе кои ја минале границата на Украина со Полска пред почетокот на конфликтот бил 16.800, додека во неделата од Полска во Украина преминале 19.400 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

 

Loading...

Русија: Го уништивме противвоздушниот систем кој дојде од Европа

 

Мачеј Душчик, професор по миграциско истражување на Универзитетот во Варшава, проценува дека во Полска остануваат околу 1,2 до 1,4 милиони бегалци.