Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие, на ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 2.120 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 03.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 7.501 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-3.016, Авганистан-2.493 и Ирак-1.992.
Во текот на изминатото деноноќие, до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил, т.е почнувајќи од 1 заклучно со 3 јануари, нема нови барања за азил.