Вселенското пристаниште „Америка“ повеќе не е далеку од реалноста, откако компанијата „Вирџин Галактик“ ја откри првата фаза за изградба на внатрешноста на првиот таков комерцијален објект во светот сместен во пустина во Ново Мексико.
„Вирџин Глактик“ покажа два големи дела од вселенското пристаниште, оперативен центар во кој се наоѓа контролата на летот, работното место на пилотот, центарот за известување и приземје во кое ќе биде салата за муштерии, пријатели, семејство и работници во компанијата.
Некогаш празниот хангар во пустината ќе поврзува муштерии со секаков аспект од оперирањето, вклучтелно и поглед на хангарт и вселенски возила како и внатрешноста на контролата на летот.
Новиот бренг на „Вирџин Галактик“ е фокусиран на муштериите, па ниту вселенското пристаниште не е исклучок, наведува АП, додека тие се подтовуваат за она што официјално компаниите го опишуваат како „неспоредливо искуство“ и патување на нивниот живот.
Кога муштериите ќе може да се пријават на првите комерцијални летови се уште не е одреднео, затоа што е потребен помал број пробни летови.
Our mothership, VMS EVE, flies over our Gateway to Space. In the coming days, the team will use Eve to fly simulated spaceship launch missions. Read more here – https://t.co/0PUA9mmyHo pic.twitter.com/hCZEFVR6QK
— Virgin Galactic (@virgingalactic) August 14, 2019