Од Ирак пристигнува засилување на сириската армија во борбата против бунтовниците

Сподели со своите пријатели

Милициите од Ирак, поддржани од Иран, влегле во Сирија во текот на ноќта и се упатиле кон северниот дел на земјата за да им помогнат на опколените сили на сириската армија кои се борат против бунтовниците, изјавија денеска сириски воени извори за Ројтерс.

Loading...

Висок сириски воен претставник рече дека засилувањата за сириската армија ги вклучуваат ирачките групи Катиаб Хезболах и Фатемијун.

Официјалниот претставник рече дека десетици борци од ирачката група Хашд ал Шаби, поддржана од Иран, исто така преминале во Сирија преку воената рута во близина на преминот Ал Букамал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД, Франција, Германија и Велика Британија повикаа на смирување на тензиите во Сирија

Иран испрати илјадници шиитски милиции во Сирија за време на војната во земјата која започна во 2011 година, која, заедно со руските воздушни напади, му дозволи на сирискиот претседател Башар ал Асад да го уништи бунтот и да врати голем дел од територијата од бунтовниците.

Недостигот на работна сила во последните денови придонесе за брзо повлекување на силите на сириската армија и од градот Алепо, изјавија два други воени извори за Ројтерс.

Сирискиот претседател Башар ал Асад во неделата изрази уверување дека неговата земја ќе го победи тероризмот, без разлика кој го поддржува и спонзорира.

Сириската армија во саботата соопшти дека била принудена да ги прегрупира своите сили додека одбива терористички напад врз Алепо, вториот по големина град во Сирија, со цел да ги спаси животите на цивилите и војниците додека се подготвувале за контранапад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД, Франција, Германија и Велика Британија повикаа на смирување на тензиите во Сирија

Според сириската генерална дирекција за медиуми, за време на тридневниот конфликт меѓу сириската армија и терористите од групата Џебхат ал Нусра, бројот на убиени милитанти се приближи до бројката од илјада.

Loading...

Терористичките групи започнаа заедничка офанзива против позициите на сириските владини сили во провинциите Алепо и Идлиб на северот на земјата.