Од денес стартува проектот „Купи куќа за млади до 35 години“

Сподели со своите пријатели

Заинтересираните лица од денес ќе може да аплицираат за проектот „Купи куќа за млади“.

Со проектот „Купи куќа за млади до 35 години“ без оглед дали се во брак или сами, младите од земјава ќе имаат можност преку два модела да добијат неповрати средства за да си го решат станбеното прашање, пишува Лидер.

Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години. Државата покрива 80% од ратата во првите 8 години и 50% во следните три години. Преку вториот модел целосно се покрива учеството за кредитот за стекнување куќа.

Со амандманските интервенции проектот се проширува и за лицата кои наполниле 35 години. Ќе може да аплицираат и оние кои имале стан или куќа на свое име, но во последните три години ги оттуѓиле за купување на поголем дом.

zasteda

Loading...

 

За да се аплицира за проектот треба да исполнувате неколку услови. Основно е – поеднинецот кој аплицира или еден од брачните сопружници да има до 35 години. Месечната плата за поединец треба да биде помала од 900 евра, додека за брачни другари помала од 1.300 евра.

Поединецот или брачниот пар не треба да има друга куќа или стан на свое име, или треба да се обврзат да го продадат за да аплицираат за проектот. Рокот на отплата на станбениот кредит треба да биде од 20 години, а апликантите треба да одговараат на критериумите за добивање станбен кредит пропишани од банката.

 Доколку граѓаните ги исполнуваат условите, треба прво да најдат плац за изградба на куќа. Откако ќе најдат плац, граѓаните треба да обезбедат изведбен и идеен проект – тука може да ги искористат поволностите кои ги нуди Министерството за транспорт и врски кои даваат бесплатен изведбен проект. Потоа треба да се обезбеди дозвола за градба од општината и да се склучи преддоговор со изведувач. По ова граѓаните треба да ги поднесат овие документи со барање за проектот до една од банките кои учествуваат во проектот: НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Стопанска банка Битола, Шпаркасе, Охридска банка, ТТК, Алфа и Прокредит банка.

Во случај на доградба или надградба на куќа, треба да се добие согласност од сопственикот на куќата која се надградува или доградува, а потоа постапката е иста.