Од 1 до 3 јуни – прегледајте се превентивно за рано откривање на меланом

Сподели со своите пријатели

Здружението на дерматовенеролозите на Македонија ја започна превентивно здравствената кампања Еуромеланома 2015, за рано откривање на меланом и други кожни карциноми.

Loading...

Целта на кампањата е информирање и подигнување на јавната свест за борба против најсмртоносниот карцином на кожата како потенцијално излечив.

Кампањата ќе се одржи од 1 до 3 јуни, при што консултативните прегледи ќе бидат достапни за граѓаните во сите заинтересирани државни и приватни дерматолошки институции во државата.

„Карциномот на кожата е единствен кој што може да се открие со голо око, односно да се дијагностицира во рана фаза на развој. Но и покрај тоа загрижува фактот што меланомот и другите кожни карциноми често се откриваат во напредна фаза на развој кога шансите за излекување се помали. Наспроти превенцијата, според податоците од Националниот регистер за рак на Република Македонија, мониторингот на инциденцата и морталитетот од рак на кожа покажува значајно зголемување на меланом на кожа во нашата земја.

Токму овие податоци  укажуваат на потребата од едукација и рана превенција кај нашето население“, соопшти Д-р Зорица Зафировиќ, Координатор на кампањата и претставник на Македонија во Euromelanoma Europe.

Leave a Reply