Обуки за млади невработени кумановци за ИТ вештини и човечки ресурси

Сподели со своите пријатели

Младите невработени лица од Куманово, активни баратели на работа можат да се пријават за обука за напредни ИТ вештини и за специјалист за човечки ресурси, мерки дел од оперативниот план за активни програми и мерки за тековната година, соопштија денеска надлежните од Центарот за вработување Куманово.

Loading...

– Обуката за напредни ИТ вештини содржи 14 модули што се исклучително барани на пазарот на труд за потребите на реалниот сектор, но и во државни институции, банки … По обуката, уесниците добиваа сертификати, меѓународно признат на тој начин стануваат конкурентни на домашниот и странскиот пазар. За втората програма, обука за специјалист за човечки ресурси и лани имавме значаен интерес. Оваа професија е многу барана на пазарот на труд и ја бараат големите компании во државата од ТИРЗ зоните, изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

Во Куманово има бројни компании кои бараат ваков кадар, укажуваат надлежните од Центарот за вработување Куманово. Барање за вакви обуки имало и од невработени млади кои биле заинтересирани да го надградат знаењето и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

– Обуките се дел од барањата на работодавците сè поголема потреба има од вакви кадри. Кумановските работодавци работат не само на нашиот туку и на европскиот пазар, додава Димитријевска.

Двете обуки се наменети за млади до 40 години, за ИТ вештините потребно е минимум средно образование, додека за специјалист за човечки ресурси е потребно високо образование. Од Центарот за вработување ги повикаа невработените за секое прашање да се обратат до установата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

МИА