Објавени се резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022-2023

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука информира дека се објавени резултатите од  Конкурсот за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022-2023.

Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија ( објавени со резултатите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 02.02.2023 до 17.02.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, во посета на Кочани

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за поднесување жалба до Државната комисија за одлучување по управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Ги замолуваме одбиените кандидати да не доставуваат приговори пред да го добијат решението.

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани на домашната адреса на секој апликант.

Министерство за образование и наука