Обилни дождови во Нов Зеланд: Стотици домови евакуирани

Сподели со своите пријатели

Обилните дождови кои со денови паѓаа во северниот и централниот дел на Нов Зеланд се намалија во саботата, но жителите таму беа принудени да напуштат стотици домови.

Loading...

Градот Нелсон, на јужниот остров во Нов Зеланд, беше најтешко погоден.

Жителите од неколку стотици куќи беа евакуирани, а некои од нивните домови беа прогласени за непогодни за живеење поради обилните врнежи.

Силниот дожд не го заобиколи ниту Северниот остров, каде што некои градови беа отсечени, патиштата беа поплавени, а луѓето беа принудени да ги напуштат своите домови.

Во текот на изминатата ноќ беа извршени околу стотина нови евакуации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По повеќе од една деценија, германската десница има кандидат за канцелар

Во целата област околу Нелсон се евакуирани луѓе од вкупно 508 куќи.

Во саботата метеоролозите забележаа слабеење на врнежите во северниот и централниот дел на Нов Зеланд, а предупредувањата кои важеа дотогаш беа отстранети.

Предупредувањата за обилни врнежи се уште се во сила за јужниот и југозападниот дел на Јужниот Остров.

Loading...

Коментирајќи ја оваа природна катастрофа, британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт во саботата изјавија дека погодените Новозеланѓани се во нивните мисли.

„Штетата предизвикана од поплавите во Нов Зеланд е потсетник на огромниот напор што се бара од сите нас за да ја заштитиме нашата планета“, објави британската кралска двојка преку Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска во Гана парламентарни и претседателски избори