Новогодишни пакетчиња од Општина Куманово за лицата со попреченост

Сподели со своите пријатели

По повод Новогодишните празници, од името на општина Куманово претседателката на Совет Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Александар Крстевски вчера врачија новогодишни подароци за лицата со интелектуална попреченост.

Loading...

 

 

Тие ги ги израдуваа корисниците на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива”, Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 – годишна возраст „Порака наша” и Дневен центар на лица со попреченост.

 

 

Loading...

Новогодишната радост им ја зголеми присуството на Дедо Мраз со новогодишни пакетчиња.

 

 

Во предновогодишен амбиент и расположение, на корисниците им беа упатени искрени желби за среќни и успешни моменти во Новата 2025 година.

 

 

Loading...