Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени во понеделникот, 20 ноември, во пукање во продавница на Волмарт во Биверкрик, Охајо, јави телевизијата WHIO, повикувајќи се на своите новинари на местото на настанот, додека очевидци изјавија за медиумите дека човекот отворил оган со јуришна пушка.
Тројца од повредените се згрижени во блискиот центар за траума, изјави портпаролот на болницата.
Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за јавноста.
Биверкрик е град со околу 46.000 жители источно од Дејтон.
„Зградата е обезбедена и во овој момент нема активна закана“, соопшти полицијата на платформата на социјалните мрежи Х, без да соопшти никакви детали за можни жртви.
Сликите од местото на настанот покажуваат редица полициски автомобили со запалени светла надвор од продавницата.
„Буквално само пазарев за Денот на благодарноста и овој човек помина покрај мене со автоматска пушка и почна да пука“, рече една жена во видеото објавено на социјалните мрежи, додавајќи дека не може да утврди дали некој е повреден или убиен.
„Трчав… Пукаше 10 пати… Среќна сум што сум жива“, рекла таа во солзи.
Друг сведок на социјалните мрежи го опиша напаѓачот како „висок, млад бел човек“ кој носел воена торба.
🚨#BREAKING: Gunman opens fire on shoppers inside a Walmart Multiple people have been shot
⁰📌#Beavercreek | #OhioCurrently, multiple law enforcement and emergency crews are on the scene after male suspect with a rifle entered inside Walmart store in Beavercreek, Ohio, and… pic.twitter.com/TOhn9GXhtO
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) November 21, 2023