Нови снимки од Буча сведочат за масовни гробници?

Сподели со своите пријатели

Сателитските снимки на украинскиот град Буча недалеку од Киев покажуваат копање ров за масовна гробница на земјиштето на црквата Свети Андреј Првоповикан и Сите светци, објави американската приватна компанија Максер.

Loading...

На фотографијата направена на 31 март се гледа ров долг околу 13 метри.

 

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

Претходно беше објавена сателитска снимка од 10 март, која ги покажува првите знаци на ископувања, пренесува Гардијан.

Групите за човекови права велат дека има докази за воени злосторства извршени од руските сили во градовите во близина на Киев. Меѓу тие градови е и Буча, од која е снимено видео со 20 тела на цивили кои лежат на улиците.

 

Loading...

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства.

Министерството за одбрана соопшти дека сите руски единици целосно се повлекле од Буча на 30 март, ден по делегациите лице в лице меѓу Русија и Украина во Турција.