Нова опција на Нетфликс која ги израдува корисниците

Сподели со своите пријатели

Конечно можете да престанете да го бркате копчето за намалување на звукот, кога за прв пат ќе го отворите Netflix.

Loading...

Стриминг гигантот во четвртокот ги слушна молитвите на своите корисници и ја воведе можноста автоматски да ја исклучуваат репродукцијата на видео на првата страница.

Новата опција на „Нетфликс“ ги налути филмаџиите

– Ние ги слушнавме реакциите гласно и јасно. Сега нашите претплатници можат да контролираат дали сакаат или не да ја видат содржината на автоматско рекламирање – објави Нетфликс на Твитер.

Ако бинџувањето стана сериозен проблем за вас, Netflix додаде опција да го исклучи автоматското пуштање на следната епизода од серијата што ја гледате.

Било какви промени што ќе ги направите ќе бидат зачувани на вашиот профил и ќе се однесуваат на сите уреди, според објавата на Netflix во Центарот за помош.

15 филмови со кои раскинувањето помалку боли (ВИДЕО)

Еве како да се исклучи или вклучи автоплајот:

Loading...

1. Пријавете се на Netflix преку веб прелистувач,

2. Изберете ја поставката за подесување на профилот – Manage Profiles, од менито,

3. Изберете го профилот што сакате да го ажурирате,

4. Штиклирајте или одштиклирајте ги опциите Autoplay previews while browsing и Autoplay next episode in a series.

Ќе потрае извесно време избраните измени да стапат на сила, велат од Netflix.

Бинџување – нов заразен тренд кој се шири низ светот

Сепак, постои начин да се забрза процесот, пренесува CNET.

Ако се најавите на друг профил и потоа се вратите на првиот профил (на кој направивте промени), тој ќе се ажурира автоматски.

Loading...

Ако сте едни од ретките кои уживаат во мали трејлери, не грижете се – можете да ги оставите поставките како што се и да продолжите да уживате во опцијата за автоплеј.

Leave a Reply